Емилија Розман е бремена со близнаци

Последната официјална Мис на Македонија манекенката Емилија Розман ќе стане мајка. Таа на Инстаграм објави фотографија на која го покажа и трудничкиот стомак, па напиша дека е бремна со близнаци.

Таа е во третиот месец од бременоста и вели дека се чувствува добро. „ Едно е подобро од две „, пишува Розман која неодамна го прослави својот 29. роденден. Лани таа привлече внимание откако 24 часа по запознавањето реши да се мажи со тогашниот дечко, со кој за кратво време ја раскинаа свршувачката. Емилја долго време се бореше со депресијата откако почина нејзиниот татко.

Scroll to Top