Ена Цветкоска на снимање во Турција

По двегодишна пауза, поп-пејачка и текстописец Магдалена Ена Цветкоска направи песна за себе, „Ко да нема утре ден“. Ена деновиве на својот инстаграм-профил споделува слики од снимањето на спотот во Турција, кој го режира Даниел Јовески. Облечена во крем маичка и кратки тексас-панталони, Ена собра бројни комплименти за изгледот. Некои од следбениците ѝ напишаа дека едвај чекаат да го видат спотот.

Ена, според музичарите во Македонија, е еден од најдобрите текстописци кај нас. Таа сними еден албум, „Херој“, а публиката и денес ги слуша нејзините најголеми хитови „Учам од најдобриот“, „Од утро до мрак“, „На врв и на дно“. Магдалена е сестра на композиторот Лазар Цветкоски.

Scroll to Top