Евровизиската песна на Васил доби ремикс верзија од светски познатиот диџеј Тони Моран

Евровизиската песна на “Here I Stand“ на Васил Гарванлиев доби ремикс верзија. Песната ја изработи светски познатиот диџеј Тони Моран, кој има платинести ремикси за Мараја Кери, Витни Хјустон и Дебра Кох. Веста ја на прес -конференција на Евросонг во Ротердам ја соопшти македонскиот евровизиски претставник, а и тизерот веќе е објавен.

Васил е омилен меѓу домаќините на Евросонг, велат од неговиот тим. Првата проба, а и втората поминаа одлично, фановите пак велат приредил вистинска магија.

Вчера  Гарванлиев ја имаше втората техничка проба и се уште се работи на настапот. Проба ќе има и на 17 мај, кога гласа жирито, и на 18 кога е преносот од првото полуфинале кога ќе гласа публиката. Гарванлиев настапува 6-ти. Второто полуфинале е на 20 мај, а финалето на 22 мај.

 

Scroll to Top