Македонските претставници на годинашното издание на Евровизија, групата „Eye Cue“ снимија акустична верзија на евровизиската песна.
Бојан Трајковски и Марија Ивановска, годинава ќе ја претставуваат Македонија на најпрестижното музичко наптреварување во Европа, каде ќе настапат со песната „Lost and Found“.
Нашите претставници ќе настапат во втората половина од Првата полуфинална вечер која треба да се одржи на 8 мај.
Оваа година град домаќин ќе биде Лисабон и државата Португалија.