Антониа Гиговска се породи денеска. Убавата вест ја објави сопругот Роберт Спасенцоски, кој на „Фејбук“ напиша: Станав татко. Фала ти господе за оваа среќа“.
За потсетување пејачката претходно рече дека чека син, а во последните недели од бременоста се пожали на промените кои ѝ се случуваат на телото.
Но и покрај проблемите, рече дека е возбудена за бебето и тоа што ќе стане мајка. Со Роберт ова им е прво дете, откако двајцата се венчаа годинава по неколку месеци врска.