Нашата претставничка на Јуниор евровизија, Марија Спасовска утре ќе настапи на европскиот детски музички фестивал. Марија ќе ја претставува Македонија со песната „Дома“. Фановите се задоволни од досега сработеното.
„Вокалот е одличен, сценографијата исто така, сигурно ќе гласам за Марија“, „Конечно праќаме цел пакет – глас, песна, сценографија“ се дел од коментарите на видеото објавено на ЈуТјуб.
Марија неделава ја имаше првата проба и очекува утре да го оствари најдобриот пласман кој Македонија го имала досега. Музиката за песната „Дома“ ја направи Дарко Димитров, а текстот е на Елена Ристеска.
Јуниор евровизија ќе се одржи на 25 ноември во Минск, Белорусија. Преносот ќе почне во 16 часот на МРТ, а Марија ќе настапи 16та по ред. Годинава на Јуниор евровизија ќе се натпреваруваат претставници од 20 земји.
На следниот линк, можете да го дадете вашиот глас за Марија.