Фановите ѝ се налутија на бившата на Кајмакоски

Моделот Кристина Димитријевска, која од неодамна е Мис карантин на светот, ги налути фановите поради короната. Таа јавно објави дека ја критиуваат, откако на својот инстаграм-профил рекламираше визири, маски и скафандери.

„Дојде до тој степен да спонзорираш скафандери и визири? Срам да ти е! Еве ти директен анфолоу“, е пораката што поранешната жена на Даниел Кајмакоски ја доби од еден од следбениците. Таа ја објави јавно преписката, заедно со одговорот што му го напиша.

„Треба сите да помогнеме да знаат од каде да набавуваат медицинска опрема! Можеби не си свесен што се случува во државава! Ама затоа знаеш што објавувам јас! Следи ја повеќе девојка ти, јас преферирам да ме следат добри луѓе и хумани“, му одговори таа.

Scroll to Top