Фатиме Фетаи повредена во сообраќајка во Чаир

Обвинителката Фатиме Фетаи синоќа околу полноќ имала сообраќајка во скопската населба Чаир. Таа била полесно повредена и веднаш била пренесена во Градската болница „Свети Наум Охридски“.

Возачот кој го управувал другото возило, немал никакви повреди. По прегледите таа била пуштена од болница. Засега нема информација како дошло до сообраќајната несреќа. Познато е само дека освен повредите на Фетаи, причинета е и материјална штета.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје , а и од МВР ја потврдија веста од каде велат :

На крстосницата на улиците Македонско Косовска и Џон Кенеди се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ‘сеат ибица’ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф. (36) од Гостивар и патничко возило ‘фолксваген поло’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш. (55) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’.

Scroll to Top