Фатиме не ме вработи

By

Поранешната водителка и новинарка Нора Шакири Марковиќ не крие дека е добра пријателка со Фатиме Фетаи. Таа на „Инстаграм“ објави слика со некогашната специјална обвинителка, па јавно се пожали дека иако Фатиме се спрема да стане тетка на нејзиното дете, сепак е „тетка никаква“, оти не ја вработила.

„Тетка ќе стануе па и тоа сега исто така било многу важно. И бескрајно се грижи и спрема за новата улога. А мене не ме вработи… Пфффф, тетка никаква“, се пошегува Нора.

За потсетување, Шакири, која е во поодмината бременост, неодамна откри дека го чека првото дете со сопругот Марко Марковиќ. Двојката долго време беше во врска, а се венчаа 2016 година.

 

Ќе ви се допадне