Фатиме се врати на стариот имиџ

Кратките шишки и црвениот кармин е препознатливиот имиџ на специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи. Иако подолго време таа не носеше шишки, обвинителката од вчера повторно ги скрати, па го врати и стариот имиџ. Откако во јавноста се појави со препознатливите рамни шишки, Фетаи, освен со фризурата, во јавноста се наметна и со стилот на облекување.

Таа за шишките дури раскажуваше и на вечерта на женски приказни „ПричПич“, кога на присутните во салата им кажа дека во СЈО стасала преставка во која се бара „Фатиме пак да си ги врати шишките“, по што службите и официјално одговориле на преставката.

Scroll to Top