Федерер принцот од нејзините сништа – Мајката на Кејт Мидлтон со свој фаворит на Вимблдон

Војвотката од Кембриџ ги изненади сите со коментар за својата мајка Керол, оставајќи ги во шок дури и новинарите.Кејт Мидлтон, пред четири дена блесна на Вимблдон каде премиерно ја покажа новата фризура, која целосно ги воодушеви сите кои ја сакаат славната војвотка.Но, тука не беше крајот на изненадувањата од нејзина страна, поради тоа што Кејт беше добро расположена за BBC- документарецот, по повод 90 години од турнирот „Наш Вимблдон“, каде говореше за својот омилен тенисер.

Foto: Tanjug/AP
„Го обожавав Андреа Агасија, Горан Иванишевиќ и Стефи Граф“, откри Кејт.

Како што изјави, единствениот меч на кој не била е машкото финале во Вимблдон 2013 година, кога беше бремена со принцот Џорџ, затоа што лекарот строго и забрани.

„Гледањето на Вимблдон е дел од моето растење, тоа е неодолив дел од англиското лето. Мислам дека навистина е инспирација за младите луѓе. Мене ме инспирираше да се вклучам во играта. Тоа не се промени“, изјави Кејт.

 

Foto: Tanjug/AP

А потоа, Кет спомена и уште еден славен тенисер, кој верувале или не“, е желба на нејзината мајка Керол!

„Роџер Федерер е тивко страдање за мојата мајка. Мислам дека нема да и смета тоа што го реков. Мислам дека сега и тој тоа веќе го знае“, со насмевка откри Кејт.

Foto: Tanjug/AP

Тоа што е интересно е што Роџер неодамна беше гостин на венчавката на сестрата на Кејт, Пипе, во црквата на свети Марко, од 12 век, во селото Инглфилд, западно од Лондон.

Foto: Tanjug/AP

Се за мајката на Кејт Мидлтон, сјајната приказна, како станала богата и моќна жена, прочитајте ОВДЕ:

 

 

Scroll to Top