Кумановецот Фидан Арсовски беше меѓу единаесеттемина македонски маратонци што во чест на поп-ѕвездата Тоше Проески трчаше од Нова Градишка, Хрватска, до Крушево во должина од 900 км.
![](https://reporter.mk/wp-content/uploads/2017/10/1-31.jpg)
„Ова за мене е второ учество на ултрамаратонот. Вложив голем труд и секојдневна работа со вежби за зајакнување на физичката кондиција, но напорно работев и на менталните капацитети со цел успешно да се истрча тешкиот ултрамаратон…
![](https://reporter.mk/wp-content/uploads/2017/10/22686745_1506808132738428_2000609442_n.jpg)
„Помеѓу маратонците на патот до Загреб владееше голема почит кон Тоше, меѓусебна поддршка за да се истрча ултрамаратонската патека. Покрај меѓусебната поддршка, имавме и огромна поддршка од граѓани од Скопје, Велес, Прилеп, кои ни дадоа сила да издржиме докрај“, вели Фидан.
![](https://reporter.mk/wp-content/uploads/2017/10/22684923_1506807792738462_634780558_n.jpg)
Покрај Арсовски, на маратонот трчаа и Наум Капричевски, Александар Кирковски, Христијан Јакимовски, Никола Гелов, Саша Цвектовски, Зоран Симоновски, Мартин Митковски, Роберт Коруноски, Ми Чурин и Давид Дачо.