Првата македонска трансродова пејачка Фифи Јаневска, препознатлива по долгата црна коса го промени имиџот и сега е русокоса.
„Ако нешто би било поинаку во мојот живот, немаше да бидам тоа што сум денес. Не можете да не го видите она што сте го виделе, не можете да не го слушнете она што сте го слушнале, не можете да не го доживеете она што сте го доживеале. Но, она што можете да го направите е да ја смените вашата перспектива за тоа и да го искористите искуството за да растете и заздравувате, наспроти она само да останете лути“, вели Фифи.
Македонската јавност Фифи Јаневска ја запозна на музичкото шоу Икс Фактор. Откако во нашата земја се соочи со неприфаќање на нејзината определба, таа замина да живее во Стохолм, Шведска, каде продолжи да се занимава со музика.