Познатиот спортски новинар Игор Филевски – Филе пред десеттина години замина на Малта, од каде што минатата година известуваше за тамошната ситуација со вирусот.
Тој објави фотографии на „Фејсбук“ додека лежи во болничка постела на Малта по што многумина се загрижија за неговата здравствена состојба. Тој не објасни која е причината за неговата хоспитализација.
„Добро утро, иако за мене не е, но ќе биде. Сакам да одбележам дека вторпат лежам во болница, вторпат на државна клиника, во две држави досега и секогаш добивам неспоредливо поголема грижа и врвни здравствени услови за разлика од матичната држава во која се родив, растев и плаќав постојано даноци и здравствено осигурување. И како да не ми е криво? Како да не ми е мака? Како да замижам пред тој факт? Како? А Македонија како земја и територија ќе ми остане „нааај“ секогаш во срце, каде и да сум, ама како земја“, напиша тој.
Тој напомена дека за својот третман во малтешката болница не плаќа ни цент за комплетната услуга и медикаментите.