Филхармонија и „Архангел“ со концерт на отворено во Градски парк

Филхармонија и групата „Архангел“ во понеделник на 27 јули, ќе имаат концерт на отворено во Градски парк. Македонскиот бенд ќе свири во автентична оркестрација на Џијан Емин, кој ќе биде и диригент на концертот.

Публиката ќе има можност да ги слушне безвременските песни на еден од најзначајните македонски изведувачи, фронтменотот на „Архангел“, Ристо Вртев. Концертот ќе почне во 21 часот, а влезот ќе биде слободен за сите кои ќе сакаат да присуствуваат.

Scroll to Top