Филип Божиновски ќе се жени во септември

По 12 години врска, македонскиот пејач Филип Божиновски ја побара за сопруга девојката Сања. Подготовките за свадбата веќе се во тек, а блиски пријатели на Филип велат дека ќе се случи годинава во септември. Младите решаваат за многу работи, но веќе знаат дека на свадбата ќе им пее бендот „Фидбек“.

Со момците од бендот Филип соработува одлично и се познаваат долги години.

„Точно е дека ќе бидеме дел од најубавиот ден на нашиот пријател и соработник Филип и неговата Сања. Сигурни сме дека ќе биде весело, со оглед на тоа дека на свадбата ќе има и многу наши колеги кои ќе придонесат за атмосферата“, рекоа момците од „Фидбек“.

 

Scroll to Top