Филип Лазаров доби син

Ракометниот репрезентативец Филип Лазаров доби син. Неговата сопруга Билјана се породи за Велигден и на свет го донесе Марко.

dobivaj vesti na viber

„Фала ти Господе што на овој ден, на најголемиот христијански празник Велигден го збогати нашето семејство со уште еден член. Силен на тато, убав на мама и бато. Добро ни дојде Марко“, напиша Лазаров на „Фејсбук“.

Филип и Билјана се пет години во брак, а веќе го имаат синот Милан, за кого Билјана вели дека е најголемиот навивач, но и најголемиот критичар на својот татко.

 

Scroll to Top