Фолк-пејачот Ефто Пупиноски стана дедо

Фолк-пејачот Ефто Пупиноски неодамна стана дедо. Веста за раѓањето на првата внука Анастасија, тој ја сподели преку фејсбук-сторис со своите пријатели. Анастасија е ќерка на Никола, најстариот син на Ефто и неговата сопруга Савка. Освен Никола, пејачот има уште два сина, Дарко и Дејан.

 

 

Познатиот музичар иако паузираше некое време, пред крајот на 2020 година промовираше две нови песни, „Свадбен танц“ и „Ти ме веселиш“. Претходно, тој беше актуелен во јавноста кога им се налути на охриѓани оти наместо него го викнале Дино Мерлин да пее за Водици. Потоа Пупиноски им беше лут и на новинарите, бидејќи иако пеел на полн плоштад за Нова година пред пандемијата, тие не пишувале за неговиот настап.

Scroll to Top