Фолк-пејачот Спасен Сиљановски позитивен на корона: „Грев е да криеш дека си болен“

Фолк-пејачот Спасен Сиљаноски е позитивен на коронавирус. Откако направи тест и дозна дека е заразен со вирусот, тој преку социјалните мрежи кажа дека има корона и додаде дека засега нема симптоми и е во добра здравствена состојба. Истовремено, им порача на сите да се чуваат и да ги почитуваат пропишаните мерки бидејќи болеста не бира.

„Поради морална и етичка одговорност, чувствувам потреба да ви соопштам дека тестот за Ковид-19 ми е позитивен. Во интерес на општото здравје, ќе бидам во самоизолација до добивање два негативни теста. Не е грев да се добие Ковид-19 бидејќи не знаеме кој го носи, грев е да се прикрие доколку се има и да се заразат блиски и пријатели“, напиша тој меѓу другото на својот статус на Фејсбук.

Scroll to Top