Фолк пејачот Влатко Миладиновски ќе промовира македонска музика на светска турнеја

Пејачот на народна музика, Влатко Миладиноски, најавува голема светска турнеја, која ќе опфати гостувања во многу земји. Гостувањата почнуваат со реализација оваа година, а продолжуваат скоро цела следна 2019-та година.

„Овој месец ми започна со гостување во Швајцарија, а веќе следниот сум кај нашинците во Грција, додека во Јануари патувам за Канада. Отсега можам да го најавам и гостувањето во Холандија, Амстердам,  за 8-ми март, додека пак после тоа, ме очекува големата турнеја во Австралија“, вели Влатко и додава дека во завршна фаза се договорите за настапи во Турција, Словенија и повторно во Швајцарија.

Деновиве Влатко го заврши и снимањето на спотот за неговата нова песна „Се ми снема“.

Спотот се снимаше на неколку локации, заедно со „Арт Студио“, а премиерата се очекува наскоро.

Scroll to Top