Некогашната поп-пејачка Маја Вукичевиќ, вчера јавно се потсети на својата мајка, која е почината веќе 18 години. Таа сподели заедничка фотографија, на која покрај мајка ѝ е и синот на Маја, Горазд, кога бил мал.
„Секогаш покрај мене, ми беше подршка и сила. Беше совршена мајка и баба! Поминаа 18 години без твојата љубов и нежност… Ни недостигаш мамо“, напиша Вукичевиќ.
Маја, веќе подолго време не е на музичката сцена. До неодамна работеше и како новинарка во магазинот „Теа модерна“, кој се затвори пред една година. За време на својата музичка кариера Вукичевиќ беше особно популрана и со песните и со спотовите, а беше дел и од сите музички фестивали и настани во земјава.