Пејачката и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки, го прослави роденденот на нејзината внука Јана. Јана, која е ќерка на Грациела, почнеше 5 години. Адријана на „Фејсбук“ објави слика од роденденот на внуката и ѝ порача дека таа е нејзиното и сонце и месечина.
„На сонцето сонце, на блесокот оган, на ѕвездата месечина, душата како свемирот… Среќна да е… Среќен роденден Јана“, напиша Алачки.
Пријателите ѝ посакаа уште многу години да се радува со внуката, но и повторно да стане баба „оти од тоа нема поголема радост“.
Инаку, Јана е единствената внука на Алачки. Пејачката е неразделна од девојчето и постојано објавува заеднички слики на социјалните мрежи.