(Фото) Адријана Алачки со синот и ќерката го прослави 55. роденден

Фолк-пејачката и водителка Адријана Алачки наполни 55 години. Роденденот го славеше во познат локал во старата скопска чаршија со синот Благоја, ќерката Грациела и неколку блиски пријатели. Облечена во зелен комплет и розови салонки, водителката на кулинарската емисија „Вкусот на традицијата“, го привлече вниманието на присутните. Слики од забавата објави на социјалните мрежи.

„Драги мои пријатели, од сè срце ви благодарам за искрените честитки по повод мојот роденден. Да сте ми здрави и живи! Роденденот го поминав во кругот на моите најблиски“, напиша таа.

 

Scroll to Top