(Фото) Ајвар со свеќички неместо торта: Ноне славеше роденден далеку од дома

Поранешната пејачка Ноне Неделковска наполни 35 години. Таа роденденот го прослави надвор од Македонија, а нејзината мајка Мимоза, наместо со торта, ѝ го честиташе со ајвар и сирење. Мимоза сликата ја објави на Фејсбук и напиша: „Среќен роденден мами, ајвар за твоите 35“.

Ноне, која одамна не живее во Македонија, лани роденденот го славеше дома во Велес со нејзината мајка. Таа поради пандемијата скоро цела година остана дома. Откако се намалија мерките за патување во светот, Ноне се врати на работа, па сега често објавува фотки од патувањата на социјалните мрежи.

Scroll to Top