(Фото) Актерите од „Фамилијата Марковски“ на црвениот тепих во Сараево

By

Втората сезона од македонската серија „Фамилијата Марковски“,  беше промовирана  на последниот ден од Филмскиот фестивал во Сараево.

Пред да започне прикажувањето на двете епизоди од новата сезона, на црвениот тепих се појавија дел од филмската екипа меѓу кои беа Јелена Јованова-Периќ, Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ, Петар Петковски, Даријан Пејовски, Емилија Цоцкова.

Неколку дена претходно, беше објавен трејлерот за втората сезона.


Покрај македонскиот ТВ-проект, дел од програмата Avant Premiere Gala беа прикажани уште четири балкански серии од висока продукција.

Првата сезона македонската серија ја имаше во 2017 година и наиде на позитивни критики и популарност кај публиката.

Серијата „Фамилијата Марковски“ раскажува за секојдневието на едно просечно македонско семејство. Главните улоги ги толкуваат Александар Микиќ, Силвија Стојановска, Владимир Петровиќ, Тамара Ристоска и Петар Петковски, Сања Арсовска и Сашо Коцев.  Режисер на серијата е Даријан Пејовски. И втората сезона ќе има нови осум епизоди, а ќе се емитува од есен.

На фестивалот премиера имаше и втората сезона на српската историска драма „Сенки над Балканот“ на Драган Белогрлиќ. Покрај овие две, беа прикажани и епизоди од српските серии „Беса“ и „Групата“, и словенечката серија „Езерото“.

 

(Видео) Возбудлива есен: Објавен трејлерот на новата сезона Марковски

Ќе ви се допадне