Откако во медиумите осамна информацијата дека манекенката Александра Накова по две години брак се разведе, таа одново е активна и во јавноста и на социјалните мрежи, па природно е нејзиното повторно појавување да добие поголем публицитет.
Покрај грижата за својата ќеркичка, Накова не престанува да се грижи за себе и својот изглед, но и својот убав живот. Некогашниот македонски топ модел повторно ги практикува ноќни излегувања и забави, а не го запоставила ниту љубовниот живот.
На нејзините профили на социјалните мрежи постојано осамнуваат фотографии со нејзини секси изданија, па Накова со право ја нарекуваат македонската секс бомба.
Летото е згодна прилика покрај сето останато, да се покаже и своето тело. На селфи пред огледало, качена на скутер, на колена во плиткото на плажа…
Накова има тело за светките модни магазини… Како и бујни облини, кои ја парават привлечна, пожелна и секси… мама!