(Фото) Анастасија повторно е бремена, Наум Петрески ќе стане дедо

Фолк-пејачката Анастасија Петреска е бремена со своето второ дете. Таа и нејзиниот сопруг Владимир Поповски, пејачот на групата „Биоритам“, наскоро ќе станат родители. Анастасија веста ја објави на Инстаграм, со слика од трудничкиот стомак. Таа во коментар стави слика од машко бебе и сино срце, па пријателите ја прашаа дали овој пат ќе роди син. Анастасија и Владимир веќе ја имаат ќерката Андреа, која пред неколку дена наполни три години.

За потсетување, Анастасија е најстарата ќерка на Наум Петрески. Таа во 2019 година се омажи со Владимир, со кого претходно беше две години во врска.

 

Scroll to Top