(Фото) Андреј ДНК го бива за возење трактор

Андреј Ѓеорѓиевски од аренби дуото ДНК викендов го помина на поле. Возеше трактор и собираше сено со неколку пријатели. Тој покажа дека и додека работи на поле, се забавува. „Доста пасевме трева, време е за малку сено“, напиша тој и објави слика и видео на својот инстаграм-профил. „Брат, за сè те бива, па и за возење трактор“, „Домаќин си е домаќин“, „Што не викна за помош“, му порачаа пријателите.

Но, не е првпат познатиот музичар да објави слики додека е на нива. Лани тој се пофали дека со неколку другари садат зелка во населбата бардовци оти „ракија без зелка не иде“.

(Фото) Андреј ДНК се фати за мотика – Не иде ракија без зелка

Scroll to Top