Пејачката Антониа Гиговска го смени имиџот, па со новата, розова боја на косата потсетува на Лејди Гага, коментираат фановите. Антониа се пофали дека пак направила промена и дека и овојпат му дозволила на нејзиниот пријател Даниел Николовски да експериментира, ама и да ги следи светските трендови.
„Заљубена сум во мојот нов изглед“, вели Антониа, која деновиве постојано споделува слики со розовата нијанса на коса.
Нејзината нова боја им се допадна и на фановите, кои го пофалија новиот изглед на пејачката. „Сега си иста Лејди Гага“, коментират дел од нив.