(Фото) Антониа и Иван заљубени во Банско

Пејачката Антониа Гиговска и нејзиното момче, Иван Јованов од „Либеро бенд“ се на зимување во Банско, Бугарија. Откако Иван објави заедничка слика од зимувањето, Антониа му остави коментар: „Душа моја“. Двојката одамна не крие дека се во врска, иако на почетокот не сакаат да зборуваат во јавноста за нивната љубов. Но, во интервју за „Репортер“, пејачката откри дека не можеле долго да ја чуваат врската во тајност.

„Скопје е мал град, ќе излезеш, некој ќе те види, а ние не сакавме да седиме само дома и да се криеме“, ни рече тогаш Антониа.

Scroll to Top