Поп-пејачката Антониа Гиговска, иако беше фаворит во шоуто „Пинкови ѕвездички“, не победи. Но и покрај тоа, таа беше една од омилените на жирито, кое никогаш не штедеше зборови по секој нејзин настап. Долго се прераскажуваше за „Ако згрешам нека изгорам“, песната од Пепи Бафтировски, со која Антонија го освои регионот.
Во меѓувреме таа се заљуби во пејачот на „Либеро бенд“, Иван Јованов, па иако многумина велеа дека ја крие врската, Антонија вели: „Ако сакавме да ја криеме врската ќе седевме затворени дома“.
Пејачката периодов беше актуелна во јавноста и поради нејзиниот стил на облекување. Ни рече дека потпетиците ги комбинира со спортски чорапи поради нејзината стилистка. Беше критикувана и поради соработката со српската пејачка Луна Џогани. За тоа како регира на обвинувањата дека се продала за пари, до каде е љубовта со Иван, како реагира на критиките за облекувањето, но и за соработката со Јелена Розга и зошто не пеела за Северина, како е на „Пинкови ѕвездички“…. гледајте го интервјуто.
Андријана Јовановска