(Фото) Антониа се соблече и покажа дека не се срами од своето тело, фановите ја критикуваат: „Не ти доликува ваква порностар поза“

Поп-пејачката Антониа Гиговска повторно јавно кажа дека не се срами од својот изглед, иако е здебелена. Таа објави фотографија во бикини и напиша: „Си го сакам телото какво и да е. А новата розова боја е почеток на ново патување“. Фотографијата  им се допадна на некои фанови, но имаше и такви што ја критикуваа. Велат „Не ти доликува ваква порностар поза“.

Антониа неодамна имаше слична објава на „Инстаграм“. Тогаш рече дека и покрај тоа што пробува да не реагира, понекогаш ѝ пречат критиките на нејзина сметка, но таа сепак се сака себеси каква што е.

„И јас имам чувства исто како и вас. И мене ме повредиле многу луѓе. Негативни коментари има секој ден. Мојата боја на коса не му се допаѓа на секого, моите песни, текстови, мојот стајлинг, мојата килажа. Сега сум дебела, утре ќе бидам слаба. Ја прифаќам Антониа таква каква што е“, напиша тогаш пејачката. Нејзината објава наиде на позитивни коментари, а многу девојки ѝ одговорија дека се нашле во иста ситуација.

„Имам чувство дека сите се против мене“ – Антониа Гиговска искрена за критиките

.

Scroll to Top