Откако завршија предвремените парламентaрни избори, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека заминува неколку дена на летување. Тој е во Преспа и објави неколку фотогрaфии од дружбите таму.
„Дома си е дома, дома е и во Љубојно во Преспа. Медот е од Бујар, баклавата ја правеше мајка му на Линдим, а рибата ја спреми тетка Лилјана, мајката на Васко. Голема благодарност за гостопримството и одличната храна и до Борјан и до градоначалникот Живко. Цело е кога има сѐ“, напиша Заев и објави неколку фотографии од дружбата.