Со торта, балони и свеќички на плажа , поп-пејачката Елена Петревска и го прослави третиот роденден на ќерката Софија. Пејачката е на летување со семејството, а ова е прв пат таа да слави роденден на плажа. Елена веќе неколку дена е во Грција , во Геракини на вториот крак, заедно со синот Михаел, ќерката Софија и сопругот Андреј.