(Фото) Билјана Дебарлиева како Ким Бесинџер

Телевизиската водителка Билјана Дебарлиева неодамна на социјалните мрежи објави фотографија поради која сопругот јавно ја спореди со актерката Ким Бесинџер. На сликата Билјана е со ситни кадрици и розов кармин, па уште неколку нејзини пријатели  оставија коментари дека потсетува на холивудската актерка. Тие напишаа и дека изгледа многу помладо со ваква фризура.

Дебарлиева отсекогаш го привлекувала вниманието на јавноста. Многу нејзини следбеници на социјалните мрежи често ѝ пишуваат дека токму таа е нивната омилена водителка оти секогаш е одмерена, културна и дама со стил.

Scroll to Top