Македонската водителка и ТВ-презентерка, Билјана Дебарлиева, прослави 25 години брак. Нејзиниот сопруг Јован на социјалните мрежи објави слика од прославата, романтична вечера во познат скопски ресторан. Тој сподели и фотографија од венчавката и така на Билјана ѝ ја честиташе годишнината. Пријателите им посакаа да бидат заедно уште многу години.
47-годишната Билјана и Јован имаат две деца, но тие ретко се појавуваат во јавноста со својата мајка.