Со семејна фотографија, на која е со браќата Стефан и Филип, Мартин од дуото „Некст тајм“ ѝ го честиташе 60. роденден на нивната мајка Сузана. „Мајко ти си инспирација“, напиша тој покрај сликата што ја објави на „Инстаграм“. Пријателите и фановите на Мартин ѝ го честитаа роденденот, но не штедеа ни комплименти за нејзиниот изглед. Тие на Сузана ѝ порачаа дека изгледа совршено, а годините се само бројка.
Популарните браќа ретко споделуваат семејни слики на социјалните мрежи. Но, тие не кријат дека уште од почетокот на кариерата ја имале најголемата поддршка од нивната мајка. Малкумина знаат и дека Стефан и Мартин уште како тинејџери работеа во фирмата на мајка си за да заработат за џепарлак.
„На Мартин му извадив двојка оти имаше педесет кеца“, искрено со близнаците од „Некст тајм“