„На Мартин му извадив двојка оти имаше педесет кеца“, искрено со близнаците од „Некст тајм“

By

Кога пред 11 години се појавија на музичката сцена браќата од „Некст тајм“, Мартин и Стефан Филиповски, свиреа рок. И денес свират рок, ама сè повеќе се актуелни со преработки на стари македонски песни. Имиџот со брада и јавањето коњи како да стана нивен заштитен знак, па и двајцата на шега велат „таман одговара за комитскиве песни“.

Последната песна што ја промовираа беше „Јовка Кумановка“. Откако ја објавија, наидоа и на коментари, како оној на музичарката Тања Царовска. Па на нејзината реакција дека „пуздер ги направиле песните“, Стефан вели:

„Ние го почитуваме секое мислење, како и ова на Тања. Но, не држи вода тој нејзин муабет, затоа што нашата песна имаше голем успех. Не се согласувам дека  треба да пееме како Кирил Манчевски или Сариевски. Јавно кажуваме дека ниту можеме ниту сакаме. Музиката еволуира и ова е 2019 година. Треба да дадеш свој печат. Има некои нејзини недолични зборови дека тие пејачи кои оставиле белег ќе се превртеле во гроб. Па, искрено, тие само може да се гордеат што има луѓе кои сепак мислат на оваа музика“, вели Стефан.

За времето кога биле ученици, прво во Фискултурно па потоа во „Орце Николов“, близнаците имаат интересни приказни. Од тоа дека мамеле во училиште за оценка, до тоа дека родителите им купиле „чкарт“ патики оти немале за оригинал.

За детството, за односот со двајцата постари браќа, за школските денови кога едниот одговарал за да го спаси другиот, за тоа кој е во долга врска, а кој скоро раскинал, имаат супер приказни. Но и зошто цело ВМРО-ДПМНЕ дојде на промоцијата на „Нешто ќе те питам бабо“ и дали партијата ги финансира спотовите, свират ли уште рок,  до каде е новиот албум со преработки на стари песни… гледајте го интервјуто.

Александра Георгиев 

Ќе ви се допадне