(Фото) „Бог ни го даде нашето девојче“ – Мухамед Зеќири славеше роденден на најмалата ќерка

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, објави семејна фотографија од роденденот на својата ќерка, Далија Нани, која ја има со сопругата Бисера Јордановска, и која наполни една година.

Тој се пофали и на социјалните мрежи, каде што честопати објавува фотографии од својата ќерка.

Тој ги има и ќерките Лина и Канита, кои го доби од првиот брак. Зекири и новинарката и поранешна директорка на телевизијата „Алсат“, Бисера Јордановска, се венчаа лани во ноември, а кум на свадбата им беше премиерот Зоран Заев.

Scroll to Top