Браќата Кирил и Филип Лазаров, македонските ракометни репрезентативци, споделија слики од времето кога биле деца. Од времето кога живееле во Свети Николе и кога не ни сонивале дека еден ден ќе станат познати ракометари.
Кире денес игра за францускиот ракометен клуб „Нант“, а неговиот 5 години помал брат Филип е во германскиот ракометен клуб „Ратинген“.
Кире е во брак со Љубица, со која претходно долги години беше во врска и имаат две деца, Филип, пак, е во брак со архитектката Билјана,со која го имаат синот Милан.