(Фото) “Брат ми после еден месец си го виде внукот“, Нора раскажа за емотивната средба на Бени и Ијан

Поминаа веќе два месеци откако поранешната водителката и новинар Нора Шаќири се породи со синот Ијан. Таа се породи во време на пандемијата, па заради коронавирусот, нејзиниот брат Бени, не можеше да си го види внукот.

„Ситуацијава е е таква , и само на чат на Вајбер сме. Бени е многу внимателен и не сака било каква отстапка. Го нема видано Ијан, ама чекаме се ова да помине за да да може да се собереме сите, ни раскажа Нора за  “Репортер“ крако по породувањето. Таа вечера сподели прва фотографија на која Бени и таа се со бебето и напиша „Ние . Љубови мои“.

На прашењето како музичарот реагираше кога го виде по еден месец внукот , Нора за “Репортер“ вели: Емоции. Тоа беше љубов на прв поглед. Неизмерна среќа која не се опишува, посебно што мојот брат не можеше еден месец да го види откако тој се роди“, вели Нора.

Ијан е прво дете на некогашната водителка и на нејзиниот сопруг Марко Марковиќ. Таа се породи  во болницата во Чаир, со царски рез

“ Да бидам искрена , добро се снаоѓам. Ама, јас  уште од почеток се снајдов сама. Всушност, јас и Марко, правиме се сами околу бебето. И одлично ни оди. Иако, морам да признаам дека имам помош и од мајка ми и од мајката на Марко, па тие две се логистика околу Ијан“, раскажа Нора.

А. Георгиев 

Scroll to Top