(Фото) Брејк ја покажа ќерката, 19 години помала од најстариот негов син

Пејачот и бизнисмен Дарко Гелев-Брејк и неговата сопруга, поранешната Мис на Македонија,  Драгана Клопчевска, се на семеен одмор во Грција. Ова е нивно прво летување со ќерката Деа која се роди во април годинава .

Пред да се породи Драгана раскажа за „Репортер“ дека едвај чека да се роди бебето.

„Среќна сум многу и едвај чекаме да се роди, а најмногу се радува Давид, кој ќе биде пет години поголем од неговата сестра. Интересно ќе биде дома“, раскажа за „Репортер“ тогаш поранешната Мис на Македонија.

И додаде дека дека Марко, првиот син на Брејк, ќе биде поголем 19 години од бебето.

 

Брејк пак, тогаш ни кажа дека е позитивно изненаден, оти бебето ќе биде девојче.

„Среќен сум многу и позитивно изненаден оти секогаш мислев дека и третото, пак ќе биде машко. Ама, еве сега чекаме девојче, знам дека ќе ме разнежни“, ни изјави тогаш Брејк.

Scroll to Top