(Фото) „Да остариме заедно, некаде до 90“- Биба Додева славеше роденден

Поп пејачката и претседател на здружението „Борка“, Биба Додева, денес слави роденден.

Биба сподели несекојдневна фотографија со која сама си го честита роденденот, а воедно и откри дека полни 46 години. Годините ги напиша  како месеци, за фановите сами да се потрудат да пресметаат. „Петсто педесет и два месеци“, напиша пејачката.

За роденденот поетесата Ана Бунтеска на Биба и испрати роденденска честитка со песна напишана од неа самата.

„Бибо да си среќна, насмеана, љубена, и да љубиш со сето свое срце. Еден рој песни ти сакам и убавини. Среќен роденден душо моја сродна, да остариме заедно, некаде до 90 (ќе си се запознаваме секој ден, ти е гајле. Знаеш она „а ти која беше“!) . За многу години денов, бесценета да си ми“ и порача Бунтеска на Биба,

Scroll to Top