Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски има нова девојка и објави први слики со неа. Иако не откри која е, таа е првата девојка што Кајмакоски ја покажа јавно откако пред три години се разведе од Кристина Димитријевска.
Даниел и девојката беа на прошетка во манастирскиот комплекс Св. Наум, а потоа седнаа на ручек и староградска музика покрај изворите на Дрим.
„Преку 30 години го посетувам ова место и сè уште е истата молитва и иста желба како за мене и моите блиски, така и за сите луѓе на овој свет. Господе, дај ни здравје, мир, љубов и повеќе време со оние што најмногу ги сакаме“, напиша Даниел.
Јавноста го запозна Кајмакоски преку шоуто Х-фактор каде што победи. Тогаш кажа дека најголема желба му е да се ожени и да има деца. Три години беше во брак со моделот Кристина Димитријевска, со која до има синот Давид, но се разведоа во 2019 година. Оттогаш во јавноста не споделува ништо за својот приватен живот.
Лани тој и Кристина повторно привлекоа внимание, кога пејачот ја обвини поранешната жена дека пробала да го отруе со кафе, па тој завршил во болница. Кристина за „Репортер“ тогаш рече дека обвинувањата на Даниел се лажни.
Даниел веќе неколку години живее во Србија, а со својот бенд често настапува на јадранското приморје. Одамна нема нова песна, а ја претставуваше Македонија на Евросонг во Виена со Autumn Leaves, но не влезе во финалето.