Пејачот Дарио Панковски се пофали дека ужива додека го пие кафето со неговите две деца, синот Бруно и ќерката Андреа. „Време е за уживање со моите деца“, напиша тој покрај фотографијата сликана во неговото кафуле „Миг 21“ што се наоѓа во центарот на Скопје.
Неговата пријателка и колешка, пејачката Искра Трпева се согласи со него. „Најубаво поминато време“, му порача таа.
Дарио долго време правеше пауза од музиката. Но, пред два месеца тој ја промовираше својата нова песна „Што е мое ќе дојде“. Неодамна со уште неколку музичари ја испеа песната „Излези ЗА европска Македонија“, во поддршка на референдумот.