Босанската поп-пејачка Емина Јаховиќ деновиве е во посета на Скопје. Таа објави фотографии од дружбата со македонскиот продуцент Дарко Димитров, со кого работи на нова песна.
Двајцата соработуваат подолго време, а и Димитров беше неколкупати во посета на Истанбул кај Емина, каде работеа на нивните проекти.
Пејачката објави фотографија од нивната дружба и во од една од скопските кафеани каде заминаа да ручаат.
„Дали сте знаеле дека во Македонија за парадајз велат патлиџан“, напиша Емина на една од фотографиите.