(Фото) Дарко Илиевски чека бебе на Флорида

Со слика направена на плажа на Флорида поранешниот пејач Дарко Илиевски откри дека чека бебе. Неговата сопруга Ивана е во поодмината бременост и наскоро ќе го роди нивното прво дете. Дарко се пофали дека бебето е машко.

„Најубавото чувство на светот е кога те гледам секој ден како растеш. Растеш едно мало човече кое ќе биде наследник, плод на нашата љубов. Прво па машко. Ве сакам срциња мои“, напиша тој на „Инстаграм“.

Дарко и Ивана се во брак речиси две години. Откако се венчаа во Скопје, Дарко се пресели во Америка, каде што Ивана живее од поодамна.

Тој веќе неколку години е повлечен од музичката сцена кај нас. Јавноста го запозна со учеството во шоуто „Идол“, кое се снимаше во Бугарија, а по кое стана миленик на тинејџерките. Брзо потоа сними албум и учествуваше на неколку фестивали во земјава и во регионот. Неговата жена е ќерка на Славе Келешовски, кој трипати беше прогласен за најдобар диџеј во Југославија.

Scroll to Top