(Фото) Дарко Илиевски стана татко

Поранешниот пејач Дарко Илиевски доби син. Неговата сопруга Ивана се породи пред неколку дена, а момчето ќе се вика Матео. Веста за татковството прв ја сподели Дарко на Инстаграм.

„8 октомври 2019 е најсреќен ден во мојот живот! Мојата кралица ми роди син како најголем поклон за 3 години од нашиот брак. Фала ти сонце мое!!! Драги пријатели се роди Матео“, напиша тој на сликата на која е со сопругата и бебето.

За потсетување, Дарко и Ивана се венчаа 2016 година. Потоа тој се пресели на Флорида, САД, каде што Ивана живее од поодамна.

Дарко пред неколку години се повлече од музичката сцена кај нас. Јавноста го запозна со учеството во шоуто „Идол“ што се снимаше во Бугарија, а по кое стана миленик на тинејџерките. Брзо потоа сними албум и учествуваше на неколку фестивали во земјава и во регионот. Неговата жена е ќерка на Славе Келешовски, кој трипати беше прогласен за најдобар диџеј во Југославија.

Scroll to Top