(Фото) Дечкото на Антониа Гиговска со женски шешир на плажа

Антониа Гиговска и нејзиното момче, Иван Јованов од „Либеро бенд“, се на летување во Грција. Пејачката сподели неколку заеднички слики од одморот, а на една Иван позира со женски шешир и женски очила за сонце додека играат карти на плажа. „Крал и дама“, е еден од коментарите на фотографијата.

Инаку, Антониа и Иван се во врска неколку месеци. Тие на почетокот криеја дека се гледаат, ама откако јавноста дозна дека се заедно, постојано споделуваат заеднички слики на социјалните мрежи и си оставаат љубовни пораки на фотографиите.

 

Scroll to Top