(Фото) Џамбазов во дилема, кој е поубав Карлеуша или Бајага

Актерот и шоумен Игор Џамбазов на својот инстаграм-профил ја објави сликата од фолк-пејачката Јелена Карлеуша на која таа е без шминка, па ја спореди со Бајага. Тој напиша дека не знае кој од нив двајца е поубав, па побара од неговите фанови да му помогнат да ја реши дилемата.

„Кој е поубав? Карлеуша кога ќе стане или Бајага пред да си легне?“, напиша Џамбазов покрај фотографијата.

Повеќето следбеници му одговорија дека Бајага е многу поубав од Карлеуша, а некои, пак, искоментираа дека Игор е поубав од двајцата.

Scroll to Top